ЏЕЈ ЛЕНО ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА На првите фотографии се гледаат лузните на неговото лице (ФОТО)
Центарот каде што се престојуваше Џеј Лено објави фотографии од водителот на кои се гледаат лузни на лицето и рацете.
Познатиот водител Џеј Лено (72) пред една недела доживеа несреќа. Во моментот на инцидентот, Лено бил во гаражата во Лос Анџелес каде ги чува сите свои автомобили кога еден од автомобилите неочекувано експлодирал. Тој се здобил со тешки повреди на лицето и бил примен во Центарот за изгореници во Лос Анџелес.
Центарот каде што се престојуваше Џеј Лено објави фотографии од водителот на кои се гледаат лузни на лицето и рацете. Лено по нешто повеќе од една недела излезе од болница, а на фотографиите изгледа здраво. Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.
– По 10 дена во установата, Џеј ќе добие дополнителна нега во клиниката за изгореници Гросман поради изгорениците на лицето, градите и рацете од пожарот во гаражата. Тој сака да знаете колку е благодарен за грижата што ја добил и за вашите добри желби. Со нетрпение очекува да го помине Денот на благодарноста со семејството и пријателите и на сите ви посакува прекрасна празнична сезона – напишаа од центарот.
Докторот кој го оперирал водителот, Питер Гросман, изјави дека е задоволен од напредокот и е оптимист дека Лено целосно ќе закрепне.