„ЌЕ КРСТИМЕ НАСЕЛБА ПО ПУТИН“ Кадиров реши да го овековечи името на својот пријател
Овде ќе се градат и џамии, градинки и други објекти од социјална инфраструктура, напиша Кадиров велејќи дека по завршувањето на градежните работи населбата „Владимир Путин“ ќе биде најпрестижната во градот Грозни.
Во знак на благодарност, новата област во населбата во градот Грозни во Чеченија ќе го носи името Владимир Путин, најави на социјалната мрежа Телеграм лидерот на Чеченците Рамзан Кадиров. Тој објасни дека се работи за простор кој се наоѓа на површина од над 200 хектари и дека покрај 130 станбени згради содржи и повеќе од два милиони квадратни метри станбена површина.
„По завршувањето на сите градежни работи, новата област именувана по Владимир Путин треба да стане најудобниот, престижниот и најудобниот дел на градот Грозни“, напиша Кадиров и додаде:
„Овде ќе се градат и џамии, градинки и други објекти од социјална инфраструктура“.
Според чеченскиот лидер одлуката да се именува нова населба во Грозни во чест на Владимир Путин е донесена како знак на длабоката благодарност на чеченскиот народ и желбата да се овековечи неговото име.