📽️ „ЌЕ ИСПРАТИМЕ 50.000 АМЕРИКАНЦИ ВО КОВЧЕЗИ“ Брутални закани од Иранците по американскиот напад
Во видео порака објавена денес, портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе плати цена за своите постапки.
Иранската војска ги предупреди Соединетите Американски Држави за сериозни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по неодамнешните американски воени акции за кои Техеран вели дека го прошириле списокот на легитимни цели за иранските сили.
Иран упати силна закана до Трамп
Во видео порака објавена денес, портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе плати цена за своите постапки, објави Ројтерс.
– Америка се соочува со сериозни последици и решителни воени операции – рече тој.
На крајот од видеото, Золфакари директно му се обрати на американскиот претседател на англиски јазик: „Трамп, коцкарот – можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“.
3/❗️ In a statement earlier today, Lt. Col. Ebrahim Zolfaghari, Spokesperson for Iran’s Khatam al-Anbiya Central Headquarters, said : “As we punish their illegitimate child aggressor, the criminal America must know—it has unleashed the warriors of Islam. We will not back down… pic.twitter.com/gbIMP8ThfZ
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) June 23, 2025
Тој не е единствениот ирански лидер што упатува закани
Преку ноќ, командантот на иранските вооружени сили, Амир Хатами, им се закани на Соединетите Американски Држави со решителен одговор, објавија локалните медиуми.
– Секогаш кога Американците извршиле злосторства, тие добиле решителен и цврст одговор, и така ќе биде и овој пат. Акциите што ги презедовте во последните денови се од голема вредност. Тие го спречија израелскиот непријател да успее во своите операции. Денес, тие беа принудени да се повикаат на директниот сторител на овие злосторства – Соединетите Американски Држави и да ги вовлечат во директен конфликт со Исламската Република Иран – им рече генералот Хатами на собраните воени лидери, според извештајот на државната новинска агенција Фарс.
Тој додаде дека ќе ја бранат независноста на Иран со сите свои сили.
– Сметаме дека мачеништвото е голема чест, но денес се бориме за победа и до победа – додаде тој.
За време на говорот на генералот Хатами, заменик-командантот на операциите и заменик-командантот за координација на иранската армија седеа настрана. На видеото се гледа и командантот на воздушната одбрана, како и командантите на морнарицата и воздухопловните сили, и наводно висок офицер на копнените сили.
„Ќе им испратиме 50.000 американски војници во ковчези“
Пропаганден медиум на иранската државна телевизија предупреди дека до 50.000 американски војници ќе бидат вратени во Вашингтон во ковчези откако Трамп ја спомена можноста за промена на режимот во Техеран, објави британскиот „Дејли меил“.
Водителот на државната телевизија, Мехди Ханализаде, го обвини Трамп дека избрал да „ја пролее крвта на своите војници“.
– Американскиот претседател одлучи во Овалната соба да ја прими испораката на ковчези со до 50.000 американски војници во Вашингтон – додаде тој.
Оваа изјава следеше по предупредувањето на Иран дека САД треба да очекуваат „тешки последици“ за нападот врз иранските нуклеарни постројки, со дополнителна закана дека нивното вклучување во конфликтот со Израел ќе „го прошири опсегот на легитимни цели“ што Иран ќе ги нападне.