ЌЕ ИМАШЕ ЗУРЛИ И ТАПАНИ Николоски вели ако предлогот беше добар Ковачевски ќе славеше
Во нормативниот дел ги има само Македонците, дури Албанците како втора етничка заедница во Македонија не се наведени во нормативниот дел, а Бугарија сака таму да бидат внесени Бугарите кои живеат тука, порача Николоски.
Да имаше добар предлог за Македонија, вечерва на прес-конференција, Ковачевски ќе славеше на плоштад, ќе го објавеше и ќе покажеше што е добро за Македонија и затоа ова е обид за национално предавство, Ако внимателно се следеше прес-конференцијата ќе се види дека тој скоро и ништо да не кажа, ги избегна сите прашања на новинарите и вртеше три реченици во круг, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во Клик Плус на ТВ 21, во врска со последниот предлог од француското претседателство за решавање на спорот со Бугарија.
Во врска со протоколот за историските прашања и прес конференцијата на Ковачевски, Николоски истакна дека Ковачевски изјави дека договорот за добрососедство бил обврска за Македонија а протоколот произлегува од член 12 на истиот тој договор.
– И затоа според нашите сознанија, измените се само семантички и е мала шминка. На пример нема да пишува протокол, ќе пишува разгледување на годишен извештај за спроведување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, што на крај е исто – рече Николоски.
Николоски прашува како е возможно предлогот да не го знае јавноста, да не го знаат медиумите, да не го знае ние ВМРО-ДПМНЕ, не само како опозиција, туку и како најголема политичка партија во Собранието со најмногу пратеници и најмногу градоначалници, а да го знае Еди Рама.
– Зошто се крие од јавноста? Пред две недели кога стигна францускиот предлог се лажеше цела јавност, дека не знаат што е и дека не учествувале во консултации во истиот, за вчера на пратенички прашања Ковачевски да потврди дека знаеле и учествувале. Јас директно го прашав дали во Скопје најмалку три пати крај на мај и почеток на јуни е дојдена француска делегација, и тој потврди дека е така. Да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија – потенцираше Николоски.
Николоски исто додаде дека власта го крие и овој предлог и повторно ќе го дознаеме од бугарските медиуми, затоа што нив им е добар, како што го објавија и првиот предлог.
Николоски истакна дека да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија.
Николоски посочи дека според него францускиот предлог би бил прифатен на крај на месец јули или почеток на август.
– Усвојувањето на предлогот ќе се случи помеѓу 25 јули и 10 август, кога државата е празна, кога температурите се над 40 степени, луѓето заминуваат на одмор и градовите се празни. Сега ќе се прават некакви консултации и кога ќе оценат дека е најпразно во Македонија и дека најмалку народ ќе може да излезе на улица, тогаш ќе го усвојат, но ќе се излажат – рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Бугарија сака да влезе во нормативниот дел на Уставот.
Тој додава дека таму ги нема ни Албанците.
– Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот. Да поедноставам на јавноста Уставот има вовед кој што се вика Преамбула и после тоа почнуваат членовите од кои што се влече целата законска рамка во Македонија, и тој е наречен нормативен дел. Во нормативниот дел ги има само Македонците, дури Албанците како втора етничка заедница во Македонија не се наведени во нормативниот дел – порача Николоски.