Ќе имаме убаво време до недела

До недела времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот. 

373

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 24 степени.






До недела времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот.

Поврзани содржини