ЌЕ ИМАМЕ ПОПЛАВИ, ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ Стојанче Ангелов ги предупредува градоначалниците на нова опасност

Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување заклучивме следуваат поплави во Македонија за неколку недели, можеби и за еден месец, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, за ТВ21.

5,387

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 предупреди дека согласно проценките, за еден месец ќе имаме големи поплави.

– Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување заклучивме следуваат поплави во Македонија за неколку недели, можеби и за еден месец, затоа што вообичаено е после вакви суши да има поплави. Тоа не значи дека сигурно ќе има, но затоа јас сега ги предупредувам градоначалниците да засукаат ракавите и да ги исчистат каналите. Пред пожарите ги предупредив градоначалниците дека можат да се потпрат само на два хеликоптера во случај на пожар, бидејќи авионите не беа во функција. Тоа е суровата реалност – рече Ангелов.

Поврзани содржини