„ЌЕ ИМАМЕ ОДЛИЧЕН НАТПРЕВАР ВО РИЈЕКА“ Напаѓачот на Хајдук верува во добар резултат против Хрватска

„Црвено-жолтите“ контролниот натпревар против Хрватска ќе го играат на 3 јуни во Риека, седум дена подоцна одат во Храдец Кралове на дуел со Чешка.

113

Напаѓачот на Хајдук, Александар Трајковски очекува одличен натпревар на македонската репрезентација на гостувањето во Риека против Хрватска.

– Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации – изјави Трајковски за ФФМ.






„Црвено-жолтите“ контролниот натпревар против Хрватска ќе го играат на 3 јуни во Риека, седум дена подоцна одат во Храдец Кралове на дуел со Чешка.

Поврзани содржини