ЌЕ ИМАМЕ ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ВО МНОГУ ОПШТИНИ Лефков вели дека граѓаните ја препознале надежта што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ

Очекуваме добри резултати во многу општини и ќе победиме. Како што ќе пристигнуваат информациите од нас, така и ние ќе ги споделуваме со јавноста, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

1,533

Во моментов не ги знаеме резултатите од изборите, но очекуваме добри резултати, ќе имаме предност во многу општини и ќе победиме, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој истакна дека граѓаните ја препознале новата иднина, препознале надеж и дека таа позитивна енергија не може да значи ништо друго освен победа на изборите.






– Видовме кршење на изборниот молк, видовме и разни заплашувања. Имаме отворени сомневања за поткуп во многу градови, за брутален физички напад врз новинар во Прилеп, а имаме и информации за „бугарски воз“ во Драчево. Демократијата ја загрозува Зоран Заев и неговата лакомост за пари, но она што е позитивно е дека граѓаните излегуваа и заокружуваа нова иднина. Очекуваме добри резултати во многу општини и ќе победиме. Како што ќе пристигнуваат информациите од нас, така и ние ќе ги споделуваме со јавноста – рече Лефков.

Лефков најави дека прес-конференција во текот на вечерта ќе одржи лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини