ЌЕ ИМА ТЕПАЧКА НА ТРЕВНИКОТ НА БЕЛАТА КУЌА?! Трамп најави УФЦ борба со присуство на 25.000 гледачи
Белата куќа соопшти дека нема детали освен изјавата на претседателот Доналд Трамп, но портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, подоцна изјави дека „Трамп е апсолутно сериозен“ во врска со плановите да организира борба на простор во Белата куќа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за организирање борба во УФЦ на простор во Белата куќа со присуство на повеќе од 20.000 гледачи како дел од прославата по повод 250 години од американската независност.
Трамп е љубител на борби во УФЦ и присуствуваше на неколку натпревари од мешани боречки вештини во последните месеци, а воедно е близок пријател со претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
Трамп го објави својот план синоќа во Ајова на отворањето на годишните свечености по повод 250-годишнината од прогласувањето на независноста на САД.
Американскиот претседател, воедно, најави и организирање завршен фестивал во Вашингтон и посебен спортски натпревар на кој ќе учествуваат средношколци од целата земја.
– Сите наши национални паркови, боишта и историски места ќе имаат специјални настани во чест на 250-от роденден. Дури мислам дека ќе имаме и борба во УФЦ. Замислете таква борба во Белата куќа. Имаме многу земја таму – рече Трамп, додавајќи дека тоа би била „вистинска борба“ со присуство на 20.000 до 25.000 гледачи.
Белата куќа соопшти дека нема детали освен изјавата на претседателот, но портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, подоцна изјави дека „Трамп е апсолутно сериозен“ во врска со плановите.