ЌЕ ИМА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ МРТВИ Ми се смееја кога купував млеко во прав

Цената ќе биде толку голема, што ќе се осмелам да прогнозирам стотици илјади жртви. Тука се и бегалците. Знам од прва рака и не сум оптимист, изјави Вучиќ.

1,394

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека се плаши од избувнување на поголем судир во Украина, што ќе резултира со несогледливи последици.

Тој порача и дека би сакал да испадне дека не е во право, но потсети и дека на самиот почеток од војната тој прогнозирал дека ќе стане уште полошо.






– Додека некој се игра со пропагандата, цената ја плаќа украинскиот народ. Цената ќе биде толку голема, што ќе се осмелам да прогнозирам стотици илјади жртви. Тука се и бегалците. Знам од прва рака и не сум оптимист – изјави Вучиќ.

Тој потести и дека бил измејуван од дел од српската јавнос кога набавувал големи количини на млеко во прав.

– Млекото во прав наскоро може да стане многу битно, како респираторите на почетокот од пандемијата – додаде српскиот претседател.

Поврзани содржини