ЌЕ ИМА ПАРНО ЕСМ од „Адора“ ќе ги закупи топланите

173

АД ЕСМ и „Адора“ постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на „Адора“ , кои ќе се користат од  ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информира АД ЕСМ.

„Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)“, соопшти попладнево ЕСМ.






Двете компании, се наведува во соопштението, покажале општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период.

Поврзани содржини