ЌЕ ИМА ПАРНО ДО КРАЈОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Битиќи тврди дека се преземаат сите мерки

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола. 

424

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, тврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

–  Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе – изјави Битиќи за „Утрински брифинг“.






Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

Фатмир Битиќи е кандидат за вицепремиер за економски прашања и во составот на владата чиј мандатар  е Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини