ЌЕ ИМА ЛИ РУСКА ИНВАЗИЈА НА КИЕВ ВО ЈАНУАРИ? Москва е спремна, Украина купува оружје од НАТО

Покрај веќе ветената и испорачана американска помош, вклучително и патролните чамци Mark VI, противоклопните системи Javelin и лесните радарски системи против оган AN/TPQ-53, Украина бара дополнителни системи за одбрана од воздух, ракетни и беспилотни летала и уреди за електронско заглавување, открива Буданов.

2,647

Повеќе од 90.000 руски војници чекаат на украинската граница за можен напад и инвазија врз земјата, која според шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов може да биде во јануари оваа зима и тоа од три страни.

Од исток во Одеса и Марипул ќе дејствуваат десантните подморници „амфибии“, копнен напад ќе следува од Полуостровот Крим, на небото над побунетата област Донбас ќе летаат авионите, а крајниот удар ќе го зададат 3.000 обучени резервисти кои ќе влезат во земјата од белоруска територија.






– Нашите оценки се речиси исти како и нашите американски колеги – рече Буданов во интервју за MilitaryTimes.

Руската амбасада не излезе со свој коментар во саботата, а слично на тоа, Пентагон реши да не го коментира Буданов. Процената на украинската војска за тоа како би се одвивал потенцијалниот напад од Русија покажува дека земјата е веќе опкружена од тактички групи на руски баталјони или БТГ.

– Големата воена вежба на Русија „Запад 21“ (на полско-белоруската граница) претходно оваа година покажа, на пример, дека тие можат да нафрлат над 3.500 воздушни и специјални трупи за операции одеднаш – вели Буданов и додаде:

– Нападот што Русија го подготвува ќе биде многу поразорен од што било досега видено во конфликтот што започна во 2014 година, во кој беа убиени околу 14.000 Украинци.

фото: твитер/принтскрин

Украина купува ракети Javelin, лесни радарски системи и беспилотни летала

Буданов смета дека САД ќе помогнат да се одврати било каков руски упад, преку дополнителна воена помош и зголемен дипломатски и економски притисок, вклучително и повеќе санкции против Русија и запленување и блокирање на руски банкарски сметки.

Исто така, покрај веќе ветената и испорачана американска помош, вклучително и патролните чамци Mark VI, противоклопните системи Javelin и лесните радарски системи против оган AN/TPQ-53, Украина бара дополнителни системи за одбрана од воздух, ракетни и беспилотни летала и уреди за електронско заглавување, открива Буданов. Ракетните батерии „Патриот“ и противракетните, артилериските и минофрлачките системи се на списокот на желби на Украина.

Беспилотните летала ќе ги замајуваат руските авиони?

Системите AN/TPQ-53 беа користени со голем ефект, претходно изјавија за Military Times украинските воени претставници. Буданов објасни дека системите Javelin биле користени и против руските сили. Тие, заедно со беспилотните летала од турско производство – „Барјактар“, кои се користат против сепаратистичките артилериски трупи подредени на Русија, имаат значителна психолошка одвраќачка вредност, рече Буданов, што ќе ги натера Русите двапати да размислат зпред да нападнат.

Русите поставуваат балистички ракети и … организираат антиваксерски протести

Ако ништо друго, Русија гради капацитет за напад, објасни Буданов во интервјуто. Освен што го зголеми бројот на војниците по границата, Русија таму поставува и системи за балистички ракети со краток дострел „Искандар“ и друго оружје. Се чини дека ни бруталната руска зима нема да ги одврати од војна.

– Тоа не е проблем за нас и за Русите – рече Буданов за борбите во студеното време.

Секој таков напад, сепак, најпрво би следел по серија психолошки операции кои во моментов се во тек, дизајнирани да ја дестабилизираат Украина и да ја поткопаат нејзината способност за борба, рече Буданов. Таква операција се масовните антиваксерски протести во Украина кои веројатно ги организира Русија за да ги разгори чувствата на проруските сепаратисти наспроти проевропските граѓани во земјата.

Руските специјалци „Вагнер“ побегнаа, немири на белоруската граница

Една од ваквите психолошки војни е инцидентот наречен „Вагнергејт“ во која 30 членови на руската приватна воена група „Вагнер“ беа прогласени одговорна за разни напади во Украина. Членовите на групата се упатија кон Белорусија, а требаше да бидат вратени во Украина за да бидат приведени. Наместо тоа, тие завршија во Русија со помош на белоруската КГБ.

– Руските психолошки операции се користат за да се покаже дека „нашите власти го предале народот“ – рече Буданов.

Тековниот пограничен конфликт меѓу Полска и Белорусија, која се обидува да испрати бегалци во Европа преку границата на Полска, е дел од тие напори, објаснува тој.

Нема да има напад, се работи за обична хистерија

Дмитриј Песков, рускиот портпарол од центарот Кремљ, во неделата ги отфрли како „хистерија“ неодамнешните тврдења на официјални лица во Вашингтон дека Русија е подготвена да изврши напад врз својот сосед, што укажува на тоа дека Москва била цел на кампања за дезинформации, пишува АлЏезира.

– Оваа хистерија вештачки се зголемува – рече тој во коментарите емитувани на државната телевизија, сугерирајќи дека тоа не е „логично или учтиво“.

EPA-EFE/STEPAN FRANKO

Како започна целата криза?

Кризата во Украина започна во 2013 година кога тогашниот украински претседател Виктор Јанукович одби договор за поголемо економско зближување со Европската Унија. Украинците излегоа на протести во Киев, а Јанукович ја напушти земјата. Во март 2014 година руската војска стационирана во базата во Севастопољск влезе без оружје во градовите на Крим и за кратко време ја презедоа целосната контролата врз полуостровот. Додека траеа овие операции на Крим, растеше поделбата во Украина.

Во протестите официјално загинаа 10.300 луѓе, а беа повредени 24.000. Два месеца подоцна Кримјаните на референдум одлучија дека сакаат да се отцепат од Украина и да се припојат на Русија.

Поврзани содржини