Ќе има ли реприза на протестите против расизмот по смртта на „белгискиот Флојд“?

575

Властите во Белгија водат истрага за смртта на 29-годишен маж од алжирско потекло, кој почина во болница откако беше уапсен во неделата пред кафетерија во Антверпен, наводно поради тоа што се обидел да нападне луѓе.

На социјалните мрежи беше објавено, на кое, наводно, се гледа како полицаец брутално го клекнува уапсениот на грб. Неговото име е Акрам. Овие снимки ја потсетија јавноста на случајот со Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во мај во американскиот град Минеаполис, откако полициски службеник го притисна со коленото врз вратот за време на апсењето.






Луѓето во Белгија веќе споделуваат хаштагови „Правда за Акрам“ и „Убиство во Антверпен“ и потсетуиваат на протестите во САД и во светот против расизмот и против полициската бруталност.

Поврзани содржини