ЌЕ ИМА КОНСЕНЗУС ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАШАЊА И ЗА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Стратегијата 2050 што ја најави Мицкоски е различна од онаа што беше усвоена денеска
Стратегијата ќе се однесува на сосема други приоритети кои вие како влада ги прескокнавте. Ќе направиме максимални напори да се донесе со консензус за националните прашања и за надворешната политкка, се надевам дека ќе учествувате, му порача денеска во Собранието заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска на пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски.
Стратегијата до 2050 година, чие изготвување минатата недела го најави премиерот Христијан Мицкоски, е посебен, сосема различен документ од Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 година, рече попладнево заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска.
Лашкоска пред пратениците ја образложи Националната развојна стратегија 2024-2044, која беше усвоена со 70 гласа „за“, еден против и ниту еден воздржан.
Таа ги повика пратениците од СДСМ да учествуваат во изготвувањето на стратегијата што ја најави премиерот Мицкоски, откако претходно пратеникот на СДСМ и експремиер Димитар Ковачевски праша дали тој документ ќе биде само шестгодишно продолжение на Националната развојна стратегија 2024-2044 или нешто друго.
– Пред неколку дена Мицкоски најави стратегија до 2050 година, а ние денеска, 120 пратеници, се согласуваме за развојна стратгегија во која учествуваа сите. Имаме повик до, условно кажано, опозицијата, да учествува во изготвување на стратегија до 2050 година. Дали се тоа дополнителни шест години – праша Ковачевски.
Лашковска реплицираше, изразувајќи жалење што Ковачевски се обидува да го злоупотреби повикот на премиерот.
– Жал ми е што се обидувате да го злоупотребите повикот на Мицкоски, односно да го однесете во друга насока. Станува збор за сосема различен документ. Ве повикуваме да учествувате во неговото изготувуање. Стратегијата ќе се однесува на сосема други приоритети, кои не ги опфаќа Националната развојна стратегија 2024-2044, и кои вие како влада ги прескокнавте. Ќе направиме максимални напори да се донесе со консензус за националните прашања и за надворешната политкка, а ќе ги консултираме најдобрите умови во државава, за да го трасираме патот по кој ќе се движиме во наредните години. Се надевам дека ќе учествуавте во градењето на националниот консензус и во градењето на нашата надворешна политика – истакна Лашковска.
Ковачевски кусо одговори дека само прашал.
– Дадовте одговор кој ќе треба да се преслуша уште два пати за да се дојде до суштината што ќе се прави наредните години. Ова е целосно инклузивна стратегија и се надевам дека предложената од Мицкоски ќе биде целосно инлузивна како оваа – рече Ковачевски.