ЌЕ ИМА ИСТРЕЛИ И ВОЕНИ ВОЗИЛА Обука на „Стенковец“ од вечерва до 8 мај

Во утринските часови во петок над Скопје ќе летаат и воени авиони.

280

На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вечерва до 8 мај ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на РСМ.

За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај ќе има и активности во воздух.






„Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.

Поврзани содржини