ЌЕ ИМ ПРЕСЕДНАТ БИФТЕЦИТЕ НА ШИЛЕГОВ И НА ЈАНЧЕВА За скапата вечера ќе се бара одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Приватни ручеци со државни пари заштитен знак за СДСМ, народот плаќал специјално мени за Шилегов и вечера за Јанчева вредна 92.000 денари.

4,420

Забавите и гоштевањата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов и на тогашниот секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ Јанчева граѓаните ги чинат илјадници евра. Наместо пари за проекти за скопјани, Шилегов се расфрлал со пари за гоштевање и скапи пијалоци, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Стари пијалоци И скапи вискија биле на менито на забавата на Шилегов и Јанчева. На оваа прослава, како и што „личи“, Шилегов си имал свое посебно мени, како главно јадење било бифтек на путер, тврди партијата.






„Луксузирања и трошење пари на граѓаните за гоштевање се заштитен знак за СДСМ и нивните функционери. Од документите јасно се гледа дека и покрај луксузирањето Шилегов и Јанчева не ги почитуваат и законите и владеењето на правото во државата“, се вели во соопштението.

И покрај забелешките од секторот за финансии на Град Скопје до поранешниот градоначалник Шилегов, дека фактурата за скапата прослава се однесувала за услуги за кои нема склучено договор во 2019 година, при што јасно се укажува дека сето тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, се доставува фактура со архивска дата од претходна година. И покрај забелешките, тогашната претседателка на Совет на Град Скопје ја потпишала фактурата од 91.560 денари.

„Ниедно бледо соопштение на СДСМ нема да ја сокрие вистината за тоа како се трошеле парите на скопјани. За секој потрошен денар на граѓаните на скапи пијалоци, гоштевања, забави и криминал ќе има одговорност“, најавува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини