ЌЕ ИМ ГИ ЗАПЛЕНИМЕ РЕЗЕРВИТЕ ЗБОГАТЕН УРАНИУМ Трамп со нова закана кон Иран
Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран.
– Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормуската Теснина.
Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил потпишувањето на извршната наредба за вештачка интелигенција закажана за денеска затоа што „не му се допаѓаат одредени аспекти од неа“.
Тој планирал церемонија на потпишување на која треба да присуствуваат извршни директори на компании од областа на вештачката интелигенција.
Според два извори, наредбата би создала доброволна рамка преку која развивачите на вештачка интелигенција можат да комуницираат со американската влада пред јавно објавување на одредени модели. Од друга страна, Трамп посочи дека за време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неговата тридневна посета на Кина минатата недела, двајцата разговарале за „заштитните мерки“ за вештачката интелигенција.