„ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ И ПАРИ И БИЛЕТ НА МИГРАНТИТЕ“ Трамп има нова тактика за депортација на илегалците

Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив, рече американскиот претседател.

173

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави.

Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата.






– Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив – рече тој.

Трамп вети дека ќе депортира рекорден број илегални имигранти во Соединетите држави, а неговата администрација бара од мигрантите да ја сигнализираат нивната „намера да заминат“ користејќи ја апликацијата за царина и гранична заштита на САД наречена ЦБП Хоум.

Поврзани содржини
na