ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМАТ СЛАВАТА Вилијам и Кејт нема да се сретнат со Хари и со Меган во САД

И покрај тоа што би било логично Кејт и Вилијам да се дружат со Хари и со Меган во САД, шансите за тоа, вели експертот, се многу мали бидејќи веројатно ќе избие „циркус“ и ќе го одвлече вниманието од „зелената“ кауза, што никој не го посакува. 

931

Војводата и војвотката од Кембриџ планираат да ги посетат САД следната година, но иако многумина навиваат да се сретнат со Хари и со Меган, според некои кралски експерти тоа нема да се случи, пишува Глорија. Причината лежи во тоа што Кејт и Вилијам нема да дозволат некој да им ја „одземе целата слава“, а не е исклучено и да избие „циркус“ меѓу браќата.

Вилијам и Кејт даваат 1 милион фунти за климата






По кој повод одат Вилијам и Кејт во Америка? Тие се многу ангажирани во борбата за зачувување на животната средина и климата, а тоа го докажаа со иницијативата „The Earthshot Prize“ која следната година ќе има голема презентација во САД.

Таму брачната двојка треба да ја одржи и истоимената церемонија за доделување награди на пет победници за придонес во заштитата на животната средина, кои Кралската фондација ги доделува секоја година. Наградата е вкупно еден милион фунти и ќе се дава во следните десет години.

Пред неколку недели, војводата ги објави првите победници за одржлив развој. На едно место тој собра експерти за да направи концепт на конкретен план со кои сака да ги реши горливите проблеми на нашата планета.

Хари и Меган, сепак, ќе бидат во публика

На церемонијата на доделување на наградите во Лондон, претходно овој месец беа видени само елегантните Кејт и Вилијам. Експертот за кралски работи Фил Дампиер за The Sun рече:

– За Вилијам и Кејт е логичен чекор да присуствуваат на церемонијата „Ертшот“ во Соединетите Држави во 2022 година, каде што се очекува да бидат Хари и Меган, но славната четворка веројатно нема да се сретне.

Хари да не пишува книги за кралското семејство

Причината за тоа, вели тој, е многу едноставна – Кејт и Вилијам нема да се согласат на такво нешто бидејќи може да се случи Хари и Меган да им ја „одземат целата слава“. „Тие се речиси ривали сега, така што не гледам да дојде до помирување толку брзо“, додаде експертот Дампиер.

Според него, ако Хари се откаже од своите книги за животот во кралското семејство на кои работи и заедно со Меган би признал дека некои од коментарите во нивното бомбастично интервју со Опра биле навистина премногу, тогаш можеби ќе има напредок.

„Циркусот“ меѓу браќата ќе ѝ штети на зелената агенда

Последен пат кога Вилијам и Кејт официјално ги посетија САД беше нивното патување во Њујорк во 2014 година.

– Вилијам и Кејт отсекогаш биле многу популарни во САД, но тие не биле таму некое време, па ќе сакаат да го подобрат својот углед, а следната година, за време на платинестиот јубилеј на кралицата, тоа ќе биде златна можност – рече Дампиер.

И покрај тоа што би било логично Кејт и Вилијам да се дружат со Хари и Меган во САД, шансите за тоа, вели експертот, се многу мали бидејќи веројатно ќе избие „циркус“ и ќе го одвлече вниманието од „зелената“ кауза, што никој не го посакува.

Поврзани содржини