ЌЕ ИГРАМЕ ПРОТИВ РОМАНИЈА И ПРОТИВ ЧЕШКА Неповолна ждрепка за македонските ракометари

Македонските ракометари ќе ги почнат мундијалските квалификации на домашен терен на 16 или 17 март, а реваншот е една недела подоцна во Романија.

990

Македонската ракометна репрезентација ја доби Романија за противник на стартот од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година, одлучи ЕХФ денеска со ждрепка во Будимпешта.

Доколку избраниците на селекторот Кирил Лазаров бидат поуспешни во двомечот против Романија, противник во последната фаза за место на ракометниот мундијал, што од 11 до 29 јануари идната година ќе се одржи во Полска и во Шведска, ќе им биде репрезентацијата на Чешка.






Македонските ракометари ќе ги почнат мундијалските квалификации на домашен терен на 16 или 17 март, а реваншот е една недела подоцна во Романија.

Доколку „црвено-жолтите“ ја минат првата пречка, воведниот натпревар против Чешка ќе го играат на гостински терен на 13 или 14 април, додека реваншот на домашен терен на 16 или 17 април.

Преостанатите осум двојки од првиот бараж се: Украина – Финска, Италија – Словенија, Португалија – Швајцарија, Австрија – Естонија, Грција – Босна и Херцеговина, Израел – Литванија, Словачка – Белгија и Фарски Острови – Белорусија.

Поврзани содржини