„ЌЕ ГО ВРАТАТ ЛИ НА ДЕНОТ НА ВМРО?“ Меџити ја коментираше изјавата на Османи за Груевски

За жал, се потврдуваат нашите сомнежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени, изјави Меџити за „Лајм“.

3,696

Партијата Демократско движење на Изет Меџити во соопштение прашува „дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, на Денот на ВМРО“, пишува весникот „Лајм“.

– За жал, се потврдуваат нашите сомнежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени – изјави Меџити за „Лајм“.






Изјавата на Меџити доаѓа како коментар на неодамнешната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој неодамна за ТВ21 рече дека од најдобро е поранешниот премиер Груевски треба да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Според Османи тоа е најдобро од безбедносен аспект бидејќи Груевски бил 10 години премиер и „ги имал сите информации за државата“.

-Најдобро е (Груевски) да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме – изјави Османи.

Поврзани содржини