ЌЕ ГО ПРЕДАДАМ СЕКОЈ ДОКУМЕНТ ШТО ЌЕ БИДЕ ПОБАРАН Мерко се огласи по цела недела молк за црната листа

Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции, пишува Мерко на Фејсбук.

406

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се огласи во јавноста по едена недела молк откако беше ставен на црната список на САД. Тој на Фејсбук напиша дека ќе ги предаде сите документи кои истражните органи ќе ги побараат од него. Во статусот тој објавил и слика од него и американската амбасадорка Агелер.

Мерко напиша:






„Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга.

По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции.

Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите.

На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедевте и овие денови, за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно, за да создадеме услови за подобар живот на Стружани и за Струга што ја сакаме“, порачува Мерко во соопштението.

ЈО ги проверува случаите со Мерко во Струга и во Битола

Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираат од ЈОРСМ.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

Обвинителството во четвртокот соопшти дека има шест активни предмети против струшкиот градоначалник. Оттаму посочија дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките.

– Од тие причини, Обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана, соопшти ЈО во четвртокот.

 

Поврзани содржини