ЌЕ ГО ОТКОЧИМЕ ПРОЦЕСОТ ЗА МАРКЕТИТЕ ЛИДЛ Инвеститорите не смеат да чекаат, рече Мицкоски по средбата со менаџментот

На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ, напиша Мицкоски.

2,154

Инвеститорите кои сакаат да вложат во Македонија не смеат да бидат ставени на страна, а Владата ќе ја забрза процедурата за ланецот маркети ЛИДЛ, вели премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук:

„Денеска имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ“, напиша Мицкоски и објави фотографии од средбата.






 

 

Поврзани содржини