ЌЕ ГО ОСЛОБОДИМЕ ХЕРСОН ДО НОВА ГОДИНА Главниот украински командант вели дека со тоа ќе заврши „активната фаза на војната“

На прашањето дали целта е да се ослободи Херсон до крајот на годината, Марченко одговори: „100 проценти“. Тој додаде дека зборува за крај на руската окупација на Херсон и „крај на активната фаза на војната“.

497

Украинскиот воен командант изјави дека целта на украинската армија е до крајот на годината да го ослободи регионот Херсон.

– За жал, не можам да ви дадам точна временска рамка или датум. Но, сакам да им кажам на луѓето во Херсон… нема да потрае колку што сите очекуваат. Ќе биде брзо – рече генералот-мајор Дмитро Марченко во интервју за Би-Би-Си, додавајќи:






– Во блиска иднина, сè ќе се види и ќе се слуша.

На прашањето дали целта е да се ослободи Херсон до крајот на годината, Марченко одговори: „100 проценти“. Тој додаде дека зборува за крај на руската окупација на Херсон и „крај на активната фаза на војната“.

– Потоа, воените операции секако ќе се одвиваат локално, но до крајот на годината мора да ја завршиме главната фаза од војната – рече генералот.

Марченко зборуваше и за украинските напади кои имаат за цел да ги онеспособат мостовите на реката Днепар, кои Русите ги користат за снабдување на своите сили во Херсон.

Мостот кај Нова Каковка, во близина на важна хидроцентрала, „веќе е погоден“, рече Марченко.

– Тешко е да се оштети бидејќи во близина има критични инфраструктурни објекти. Ако ги погодиме, може да ја оштетиме браната. Но, мислам дека наскоро и тој мост ќе биде доволно оштетен што Русите повеќе не можат да го користат за снабдување со опрема и персонал. А кога ќе ги отсечеме, тогаш ќе ги победиме и ќе ги избркаме од Украина – изјави украинскиот генерал.

Поврзани содржини