ЌЕ ГО НАЈДЕШ СИНОТ ВО ЕНДЕК Кој му се заканува на вмровскиот кандидат за градоначалник?

Плусинфо неофицијално дознава дека заканувачот во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување.

5,391

Плусинфо неофицијално дознава дека заканувачот В.Р. во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Тој пред три дена упати закани по животот за синот на д-р Борче Јовчевски кој е кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО- ДПМНЕ.

Еве што напиша заканувачот во постот објавен на Фејсбук:






„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“, пишува на профил на Фејсбук извесен В.Р кој во политички цели ја злоупотребува семејната трагедија на докторот Јовчески.

 

Поврзани содржини