ЌЕ ГО ИЗГУБАТ КОРМИЛОТО И ЌЕ СЕДНАТ НА МАСА Лавров вели дека кога-тогаш Западот ќе се согласи на преговори

Во блиска иднина ќе видиме намалување на можноста на Западот, многу сериозно намалување на можноста да управуваат со светската економија така како што тие сакаат, а сакале или не, ќе мора да преговараат, порача Лавров.

548

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека западните земји наскоро ќе се соочат со ситуација кога нивната способност да „управуваат” со глобалната економија ќе се намали.

Тој на работниот состанок со претставници на руските медиуми, укажа дека во тој случај сакале или не, западните земји ќе мора да преговараат.






– Во блиска иднина ќе видиме намалување на можноста на Западот, многу сериозно намалување на можноста да управуваат со светската економија така како што тие сакаат, а сакале или не, ќе мора да преговараат – порача Лавров.

Поврзани содржини