ЌЕ ГО ИСЕЛИМЕ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО СОСЕДСТВОТО Месната индустрија бара итно укинување на царината за увоз на смрзнато месо

Групацијата за производство на месо и преработки од месо обвинува дека владата одолговлекува со продолжување на мерката за намалување и укинување на царините за смрзнато свинско месо од увоз наменето за производство и не ги изедначува условите за контрола на квалитетот со оние кои важат во соседството што неповолно се одразува врз нивното работење.

472

Дел од компаниите од месната индустрија веќе размислуваат да се преселат во соседството поради подобрите услови за работа и одбивањето на власта да ги изедначи условите за работа со тие во соседството. Ова на денешната прес-конференција на Групацијата за производство на месо и преработки од месо во рамки на Стопанската комора го соопшти директорот на МИК Свети Николе кој е претседател на Групацијата.

Групацијата обвинува дека владата одолговлекува со продолжување на мерката за намалување и укинување на царините за смрзнато свинско месо од увоз наменето за производство и не ги изедначува условите за контрола на квалитетот со оние кои важат во соседството што неповолно се одразува врз нивното работење.






– Ние во „Мик“ сметаме дека целото производството треба да го пренесеме во соседството, бидејќи условите се подобри од овде. Ние и целата месна индустрија сакаме да работиме во земјата, но бараме да се изедначат условите за работа и контрола на работењето на компаниите од оваа индустрија со оние во соседството за да не бидеме помалку конкурентни – рече директорот на „Мик“ Свети Николе Гоце Трајчев, кој е и претседател на Групацијата.

Тој побара владата да ги продолжи мерките кои завршија во јуни лани или законски да ги укине увозните давачки за замрзнато свинско месо и други суровини.

-Итно донесете ново продолжување на мерката или некој вид трајно законско решение за намалување на царината на замрзнато свинско месо наменето за преработка, и итно поставете еднакви услови за контрола и правила на игра за сите учесници на пазарот, без разлика дали се домашни или увозни – рече Трајчев.

Податоците кои беа презентирани на прес-конференцијата говорат дека поради непродолжување на мерката од 20% до 30% е намалено производството во месната индустрија, а намален е и бројот на работници поради тоа.

– И покрај намалената цена на струјата, транспортот остана висок трошок на компаниите од месната индустрија, но поради општествената одговорност на компаниите, во овој период немаше голем раст на цените на производите. Дополнително, фармите во овој период не претрпеа никакви загуби во производството додека траеја мерките. Напротив, го зголемија производството што говори дека мерката за намалување на царините нема поголемо влијание на нивното работење. Компаниите покажаа општествена одговорност и кога владата повика да се откупи свинското месо за време на ширењето на свинската чума и секогаш кога ќе се појавеа вишоци на произведено домашно свинско месо – рече Васко Ристовски од Kомората.

Тој посочи дека индустријата е принудена да намали дел од работниците поради намаленото производство и зголемените трошоци.

Групацијата бара да се изедначат и критериумите за контрола на квалитетот на месото за да се надмине состојбата нивниот производ, поради одделни критериуми на агенцијата за храна, да се прикажува како понеквалитетен од увезените од странство со што ги губат купувачите.

Поврзани содржини