ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ Е НОВИОТ МАНДАТАР? Започна средбата на Заев и Гаши (ВИДЕО)

ТВ21 синоќа објави дека премиерот Зоран Заев на средбата наводно ќе го промовира и новиот мандатар, односно новиот лидер на СДСМ.

2,635

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, е третиот човек кој седна на тркалезната маса заедно со премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Присуството на Ковачевски на средбата во Клубот на пратеници е важно, особено откако ТВ21 синоќа објави дека на денешната средба помеѓу Заев и Гаши ќе има три столчиња, а на третото, како што објави телевизијата, најверојатно ќе седне идниот мандатар, односно новиот претседател на СДСМ.






Средбата е најавена од вчера, а како што кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24, Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и со други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

– Тие преговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата – изјави Митрески, нагласувајќи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка.

Пратеникот и член на претседателството на Алтернатива Скендер Реџепи, вчера изрази верување дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што кажа, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

Поврзани содржини