ЌЕ ГО ЧЕКАМЕ ЏАМБАСКИ НА ГРАНИЦА! Се јавија и Македонците од Србија
Нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас – велат од здружението Македонци во Србија.
Од Партијата на Македонците во Србија (Странка Македонаца Србије) му порачуваат на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека на 4. февруари ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, но нема да му дозволат тој да пријде до црквата Свети Спас во Скопје.
„По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје.
Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија“, се вели во соопштението од Партијата на Македонци во Србија.