ЌЕ ГЛЕДАМЕ РЕПРИЗА ВО ФРАНЦИЈА? Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ ќе го следи „Ролан Гарос“ на телевизија

Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану, неодамна потпиша закон кој се однесува на задолжителна вакцинација за многу други активности, вклучувајќи ги и спортските активности. Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ, доколку не се вакцинира, нема да може да настапи на турниро „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

617

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ наскоро го очекува уште една бурна авантура, слична на таа што му беше приредена во Австралија.

Србинот најверојатно нема да може да настапи и на турнирот „Ролан Гарос“ во Франција откако беше исфрлен од турнирот „Австралиа опен“.






Причината е повеќе од јасна – Франција го обврзува секој спортист да биде вакциниран против коронавирусот поради јавното добро на земјата, додека, пак, српскиот тенисер не сака ни да чуе за вакцина.

Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану, неодамна потпиша закон кој се однесува на задолжителна вакцинација за многу други активности, вклучувајќи ги и спортските активности. Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ, доколку не се вакцинира, нема да може да настапи на турниро „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

Претходно беше соопштено дека вакцинацијата е задолжителна и за учеството во „Вимблдон“ и „УС опен“.

Цврстиот став на Новак Ѓоковиќ да не се вакцинира против коронавирусот го натера австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук да го искористи своето дискреционо право и да му ја поништи визата на тенисерот, а со тоа и да му го оневозможи настапот на „Австралија опен“.

Поврзани содржини