ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ Котлар вети дека граѓаните ќе учествуваат во носењето на Буџетот на Центар
Ние се определуваме да го зголемиме зеленилото во Центар по пат на задолжително садење дрвја, ќе има дрвореди, зелени површини, има плочници кои сега не се искористени и ќе бидат зелена површина, не може повеќе да се изигрува законот, рече кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Наташа Котлар.
Буџетот на општината секогаш мора да се носи со учество на граѓаните, тоа го налага и Законот за локална самоуправа, бидејќи тоа се пари кои во општината одат од страна на граѓаните и затоа тие мора да бидат информирани каде се трошат нивните пари, изјави кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Центар, Наташа Котлар, во дебатата на „Топ тема“ на Телма.
Котлар изјави дека како и за Буџетот, така и за деталните урбанистички планови мора да учествуваат граѓаните, бидејќи, како што рече, во моментов власта измислува разни оправдувања за спроведување на лош детален урбанистички план.
Во однос на животната средина и зеленилото, Котлар истакна дека зголемувањето на зеленило ќе биде задолжително, а од градоначалникот и советниците ќе зависи како се применува законот за заштита на животната средина и како општината се однесува кон зеленилото.
– Ние се определуваме да го зголемиме зеленилото во Центар по пат на задолжително садење дрвја, ќе има дрвореди, зелени површини, има плочници кои сега не се искористени и ќе бидат зелена површина, не може повеќе да се изигрува законот – нагласи Котлар.