НЕ ВОЈУВАМ СО НАТО, НО Ф-16КИТЕ ЌЕ ГИ СОБОРИМЕ! Путин предупреди за можната употреба на американски ловци во Украина

Дали во овој однос ќе влеземе во војна со НАТО алијансата? Па, ова е само глупост, рече Путин во обраќањето пред воените пилоти во регионот Твер, но порача дека руската војска ќе ги уништи американските ловци Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот.

668

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.






Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Тој рече и дека Русија не планира да војува со НАТО. Путин изјави дека тоа е глупост бидејќи разликата во воените трошоци е значителна, наведувајќи податоци дека во 2022 година САД потрошиле 811 милијарди долари за војската, а Руската Федерација 72 милијарди долари.

Поврзани содржини