ЌЕ ГИ УБЕДАМ ДЕКА САКАМЕ МИР И ДЕКА НЕ ИМ ДАВАМЕ РАКЕТИ НА РУСИТЕ Иранскиот претседател сака конструктивен дијалог на седницата на ОН

Според иранските медиуми, иранскиот претгседател, Масуд Пезешкијан, има 3 главни цели во Њујорк: обновување на разговорите за иранската нуклеарна програма, укинување на санкциите поврзани со неа и уверување на Западот дека не ѝ испорачува ракети на Русија и не е вклучен во конфликтот во Украина.

392

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека планира да го продолжи и продлабочи конструктивниот дијалог со Западот за време на претстојната седница на Генералното собрание на ОН, јави ДПА.

– Крајната цел е да се обезбеди мир и стабилност во меѓународната заедница и се надевам дека ќе постигнам добри и конструктивни резултати во овој поглед, рече Пезешкијан пред да отпатува за Њујорк каде што утре ќе биде отворена 79-та сесија на Генералното собрание на ОН.






Според иранските медиуми, Пезешкијан има 3 главни цели во Њујорк: обновување на разговорите за иранската нуклеарна програма, укинување на санкциите поврзани со неа и уверување на Западот дека не ѝ испорачува ракети на Русија и не е вклучен во конфликтот во Украина.

Според аналитичарите, тој ќе се обиде да ја оправда и антиизраелската политика на Иран, додека во исто време Техеран тврди дека не сака ескалација на кризата на Блискиот Исток.

Поврзани содржини