ЌЕ ГИ ТУЖАМ СДСМ ЗА ЛАГИТЕ Томовски ги демантира обвинувањето за тендери и корупција

Апсолутна невистина. Татко ми беше сопственик на компанијата до 2022 година, кога ја продадовме. Од тогаш, ниту јас, ниту мој близок немаме сопственички удел или интерес во компанијата, нагласи директорот на СОЗР.

0

Во денешната емисија „Тема на денот“ на Сител телевизија, Ивица Томовски, директор на Службата за односи со јавност (СОЗР), остро реагираше на обвинувањата од страна на СДСМ за наводен непотизам и коруптивни тендери.

Тој нагласи дека ова не е првпат да биде обвинуван за афери кои не држат вода и дека веќе се преземени правни чекори за заштита на неговото име.






– Не е ова прв пат да бидам обвинуван од СДСМ за разноразни афери кои се невистинити. За овој случај, кој е актуелен деновиве, ветив дека ќе покренам тужба. Утре имам договорено состанок со адвокатите за да ги разгледаме сите можности и секое можно дело – рече Томовски.

Томовски ги отфрли сите обвинувања поврзани со компанијата „Сити Аутсорсинг“, истакнувајќи дека компанијата е продадена уште во 2022 година и дека ниту тој, ниту негови блиски, немаат никаква врска со неа.

– Апсолутна невистина. Татко ми беше сопственик на компанијата до 2022 година, кога ја продадовме. Од тогаш, ниту јас, ниту мој близок немаме сопственички удел или интерес во компанијата – нагласи Томовски.

Во врска со обвинувањата дека неговиот телефонски број се користи како контакт на компанијата, Томовски појасни дека бројот не е сопственост на фирмата и дека тој лично го плаќа.

– Телефонскиот број не е во сопственост на компанијата, јас го плаќам. Доколку институциите проверат, ќе видат дека ниту мојот татко, ниту мојот внук немаат никаква врска со компанијата – додаде Томовски.

Тој истакна дека е подготвен институциите целосно да го испитат случајот и изрази уверување дека по завршувањето на постапката ќе биде издаден документ кој ќе ја потврди неговата невиност.

– Јас би ја повикал Државната комисија за спречување на корупција и Обвинителството да покренат случај и да донесат одлука. Институциите треба да пресудат што е вистина, а што е лага. По завршувањето на постапката, очекувам документ кој ќе ја потврди мојата невиност, а јас веќе најавив дека ќе покренам тужба – рече Томовски.

Поврзани содржини