ЌЕ ГИ ПОДДРЖИМЕ РАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ И ФИРМИ Бесими се пофали со намалената инфлација и го најави новиот пакет мерки

Министерот за финансии вели дека заложба на владата е целосно надминување на глобалните инфлаторни предизвици и донесување на инфлацијата на историските ниски нивоа од околу 2%.

65

Нивото на инфлација во септември 2023 продолжува да се намалува и изнесува 6,6%, (од 8,3% август) и е намалена трикратно во споредба со пикот на кризата во октомври од 19,8 проценти, напиша денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на „Фејсбук“.

-Нашата заложба е целосно надминување на глобалните инфлаторни предизвици и донесување на инфлацијата на историските ниски нивоа од околу 2% – вели Бесими. 






Во објавата, Бесими најавува дека наскоро ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки.

– Владините мерки за справување со инфлацијата досега се проценуваат на над 700 милиони евра, а наскоро ќе биде објавен и нов пакет на антикризни мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и фирми – вели Бесими. 

Поврзани содржини