ЌЕ ГИ ПОДДРЖИМЕ КАНДИДАТИТЕ НА БЕСА Целта на Алијанса за Албанците и Алтернатива е да се симне ДУИ од власт

Го поздравуваме повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и го повторуваме нашиот конзистентен став дека нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.

1,015

Веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг на локалните избори, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, рече денеска генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

– Го поздравуваме повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и го повторуваме нашиот конзистентен став дека нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ. Нашиот став е дека ДУИ треба да падне од власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и доколку создадеме ново парламентарно мнозинство – рече Таравари.

Поврзани содржини