„ТОГАШ БИ СЕ ОДМАЗДИЛЕ“ Песков одговори во врска со можното распоредување нуклеарно оружје во Полска
Претходно, за весникот „Факт“, полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека Полска е спремна да биде домаќин на нуклеарното оружје доколку западните сојузници го побараат тоа.
„Армијата, се разбира, ќе ја анализира ситуацијата во случај на реализација на таквите планови и во секој случај ќе направи сè што е потребно, сите неопходни одмазднички чекори за да ја гарантираме нашата безбедност.“
Вака одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето да ја коментира изјавата на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, кој рече дека Полска е подготвена да биде домаќин на нуклеарно оружје распоредено од НАТО.
Станува збор за програмата „Нуклеарно споделување“ која им овозможува на Соединетите Американски Држави да го распоредат своето нуклеарно оружје во земјите на НАТО кои не го поседуваат.
Дуда во интервју за весникот „Факт“ рече:
– Доколку нашите сојузници решат да распоредат нуклеарно оружје во рамките на „Нуклеарното споделување“ исто така на наша територија со цел да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени за тоа. Ние сме сојузници во НАТО и имаме обврски по ова прашање, што значи дека ние едноставно спроведуваме заедничка политика – објасни тој.
Во моментот САД имаат 100 тактички нуклеарни проектили во Европа и Турција. Боевите глави се од 0,3 до 50 килотони за бомбите Б61-3 и Б61-4 и се чуваат во шест бази во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција.
Русија, од друга страна, најави можно распоредување нуклеарни боеви глави во Белорусија.