ЌЕ ГИ МЕНУВАМЕ ЛИФТОВИТЕ ВО ЗГРАДИТЕ Јакимовски продолжува таму каде што застана

Јакимовски потсетува дека во периодот од 2013 до 2017 година се заменети и реконструирани 34 лифтови и во исто време најави дека ќе продолжи таму каде што застана пред четири години и ќе бидат опфатени сите згради изградени пред 1990 година.

243

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе продолжи со проектот за зголемување на безбедноста во зградите со менување и реконструирање на дотраените лифтови, соопшти неговата партија.

Јакимовски потсетува дека во периодот од 2013 до 2017 година се заменети и реконструирани 34 лифтови и во исто време најави дека ќе продолжи таму каде што застана пред четири години и ќе бидат опфатени сите згради изградени пред 1990 година.






– Од 2013 година до 2017 година заменивме и реконструиравме 34 лифтови. За тоа издвоивме некаде околу 400.000 евра. Ќе продолжиме и понатаму, заедно со граѓаните на Карпош да ги реконструираме и заменуваме лифтовите во сите згради изградени пред 1990 година. Со тоа сакаме да ја подобриме безбедноста на сите граѓани коишто живеат тука во општина Карпош – најави Јакимовски.

Поврзани содржини