„ЌЕ ГИ ГОНИМЕ НАРКОКАРТЕЛИТЕ ПО КОПНО, ВЕЌЕ НЕ НОСАТ ДРОГА СО БРОДОВИ“ Трамп потврди дека морнарицата уништила уште еден брод со наркотици од Венецуела

Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата со дрога што се одвива и на копно.

103

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека американските сили претходната ноќ погодиле уште еден брод за кој се тврди дека транспортирал дрога покрај брегот на Венецуела.

Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата со дрога што се одвива и на копно.






– Во последните недели морнарицата ја поддржа нашата мисија за расчистување на терористите на картелот од водата… Извршивме уште еден (напад) синоќа. Сега едноставно не можеме да најдеме ниту еден брод. Тие веќе не доаѓаат по море, па сега ќе мора да почнеме да бараме по копно, бидејќи ќе бидат принудени да одат по копно – рече Трамп.

Тој процени дека зголемувањето на присуството на американската војска во Карибите ја запрело трговијата со дрога од Јужна Америка во САД.

Американскиот претседател минатата недела му рече на Конгресот дека утврдил дека САД се во „немеѓународен вооружен конфликт“ со наркокартелите.

 

Поврзани содржини