ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ЗЕМЈАВА Николовски избран за потпретседател на групата на Европска народна партија во ПС на Совет на Европа
Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн.