ЌЕ ФРЧАТ ОПОМЕНИ, ЌЕ ИМА ПРИСИЛНА НАПЛАТА 4.767 граѓани не ја платиле разликата за доплата на данок на личен доход

УЈП потсетува дека граѓаните со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, дека можат да поднесат барање за одложено плаќање.

711

Управата за јавни приходи денеска информира дека 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данок на личен доход за 2023 година за која законскиот рок беше до 30 јуни.

Во следниот период, како што денеска информираа од УЈП, ќе се премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.






– Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, се вели во соопштението од УЈП.

Поврзани содржини