Ќе фрчат казни за сите кои не ги почитуваат мерките за спречување на коронавирусот
Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство на за да постапи согласно законски утврдени надлежности, соопшти владата
Со одлуката на владата за спроведување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот стануваат применливи членовите 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените мерки, соопшти владата.
Владата на седницата покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на корона вирусот (COVID -19 ) го усвои и следниот заклучок:
– Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство на за да постапи согласно законски утврдени надлежности, соопшти владата.
Владата ги задолжиДржавниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19).