ЏЕЈ ЏЕЈ ПОБЕДИ, ВИЕНА МАКА МАЧИ СО СМЕТКАТА Да се биде домаќин на Евровизија чини десетици милиони евра

Доколку имав совршен одговор денеска, тоа ќе беше малку како вештерство. Но, откако во деновите пред финалето стана јасно дека имаме шанси да победиме, почнавме да размислуваме за тоа. Ние сме во интензивни разговори со австриските власти, изјави шефот на националниот радиодифузер ОРФ Роланд Вајсман во врска со организирањето на следната Евровизија.

1,043

Главниот град на Австрија може да се соочи со паричен проблем откако нејзиниот претставник на Евровизија, 24-годишниот Џеј-Џеј, триумфираше на фестивалот со песната „Потрошена љубов“. Победата на Џеј-Џеј донесе расправа за тоа каде ќе се најдат десетици милиони евра.

Запрашан како ќе се покријат трошоците за организација, шефот на националниот радиодифузер ОРФ Роланд Вајсман одговори:






– Доколку имав совршен одговор денеска, тоа ќе беше малку како вештерство. Но, откако во деновите пред финалето стана јасно дека имаме шанси да победиме, почнавме да размислуваме за тоа. Ние сме во интензивни разговори со австриските власти.

Тој додаде дека ќе има „транспарентен процес“ за избор на градот-домаќин на натпреварувањето.

Џеј Џеј, чие вистинско име е Јоханес Пич, кажа дека би сакал настанот да се одржи во Виена, неговиот роден град. Тој исто така му рекол на ОРФ дека би сакал да биде водител.

Виена беше домаќин пред десет години по победата на Кончита Вурст, но Вајсман кажа дека и други градови  пројавиле интерес.

Поврзани содржини