ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 0 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.