ЌЕ ДОЗНАЕТЕ КОЛКУ ДАЛЕКУ СУМ СПРЕМЕН ДА ОДАМ Трамп вели дека ќе се најде среќно решение за Гренланд

Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни, рече шефот на САД неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија.

857

„Ќе дознаете“.

Вака одговори шефот на САД на прашањето колку далеку би бил спремен да оди за да го стави островот под контрола на САД.






Трамп вели дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд.

– Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни – рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија.

Неговата изјава доаѓа по најавите дека САД од 1 февруари ќе воведат царини за земјите од ЕУ кои се противат кон американското преземање на островот.

Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини.

На прашањето за противењето меѓу жителите на Гренланд на приклучувањето кон САД, Трамп рече:

– Кога ќе разговарам со нив, сигурен сум дека ќе бидат воодушевени.

Првиот човек на САД, исто така, рече дека САД планирале голем број состаноци за Гренланд за време на собирот на висок профил во швајцарското алпско одморалиште Давос.

Трамп сепак ќе почека за да стигне до Давос. Неговиот авион „Ер Форс Уан“, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“.

Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави Си-Би-Ес Њуз.

Поврзани содржини