ЏЕЈ ДИ ВЕНС И НЕГОВАТА СОПРУГА УША ЧЕКААТ БЕБЕ Тоа ќе биде нивно четврто дете, машко
Многу сме возбудени што ја споделуваме веста дека Уша е бремена со нашето четврто дете, момче – објави двојката на социјалните мрежи.
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, и неговата сопруга Уша Венс го очекуваат своето четврто дете. Тие ја објавија веста на социјалните мрежи.
„Многу сме возбудени што ја споделуваме веста дека Уша е бремена со нашето четврто дете, момче. Уша и бебето се добро и сите со нетрпение очекуваме да го пречекаме кон крајот на јули“, напишаа тие.
Уша Венс е првата сопруга на потпретседател во историјата на САД која забременила додека нејзиниот сопруг е на функција. Двојката веќе има три деца: осумгодишниот Јуан, петгодишниот Вивек и четиригодишната Мирабел.
Џеј Ди Венс, кој беше критикуван за време на претседателската кампања во 2024 година поради едно старо интервју во кое го опиша демократското раководство како „група жени со мачки и без деца“, во неколку наврати зборуваше за стапката на наталитет.
– Ќе го кажам многу едноставно: сакам повеќе бебиња во САД. Сакам повеќе среќни деца во нашата земја и сакам прекрасни млади мажи и жени кои сакаат да ги пречекаат и да ги одгледаат – рече тој минатата година.