Актерот Џон Корбет кого публиката најдобро го знае по улогата на Ејдан во серијата „Сексот и градот“ и неговата избраничка Бо Дерек, среќната вест за венчавката ја криеле извесно време од јавноста.
Џон одлучил дека сега е вистинскиот момент да објави дека всушност е „зафатен“ човек.
Џон Корбет (60) лани во тајност се венчал со актерката и една од најпосакуваните жени на 80-те години – Бо Дерек (64).
Актерот убавата вест ја открил во емисијата „Разговор“ кога на водителите им ја покажал својата бурма.
– Се венчавме за време на Божиќ – изјавил актерот кој тогаш ја промовирал серијата „Rebel“.
🚨Breaking News!🚨
John Corbett reveals exclusive breaking news about his relationship with Bo Derek to the hosts, including his good pal @MrJerryOC 💍 pic.twitter.com/tP1lfjmPL7— The Talk (@TheTalkCBS) August 3, 2021
Џон не ја симнувал насмевката од лицето додека зборувал за бракот.
– Се венчавме и ова е веројатно првпат да не ја пуштивме информацијата во јавност. Ја сакаме нашата приватност – раскажал тој.
„Сите наши пријатели и семејства знаеја, но ова е првпат еден од нас јавно да каже нешто за бракот поради тоа што навистина немавме можност за тоа. По 20 години одлучивме да се венчаме. Не сакавме 2020 да биде таква на која сите ќе се осврнуваат и ќе ја мразат. Сакавме само да извлечеме нешто убаво од тоа“, истакнал Корбет.
„Мислам дека кога ќе започнуваш младо семејство и деца, тоа е прекрасна работа и има големо значење. Но, во нашите животи сè уште немаше потреба за тоа“, раскажала Дерек која зад себе има еден брак.
Неговата сопруга Бо сите ја паметат по прочуената сцена кога излегува од морето во златен костим за капење и со плетенки во филмот „Десетка“ од 1979 година.
Бо како 20-годишна девојка се венчала со 30 години постариот актер и филмски продуцент Џон Дерек и била во брак со него додека тој не починал во 1998 година од срцев удар на 72 години.
Таа била убедена дека потоа никогаш нема да ја пронајде љубовта на својот живот.
Но, сепак го сретнала Џон и веднаш почувствувала привлечност, утеха.
ФОТО: Твитер