Џејдa среде емисија му призна на Вил Смит дека го изневерувала со другарот на нивниот син

1,958

Актерката Џејда Пинкет Смит му призна на својот сопруг Вил Смит среде емисијата „Разговори на црвената маса“, која се емитува на интернет, дека имала афера со музичарот Огуст Алсина. Вил Сми ѝ бил гостин во емисијата.

Аферата се случила пред четири години додека брачната двојка минувала низ тежок период, кога двајцата мислеле дека веќе не е можно да се вратат на стариот пат.






Само неколку дена порано во интервју Алсинa со кого Џејда имала афера, прв рече дека двајцата биле во тајна врска.

Инаку, раперот Алсина е пријател на синот на Џејда и Вил Смит.

Алсина во тоа интервју рече дека Вил Смит му дал благослов за врската со неговата сопруга, затоа што двајцата не криеле дека решиле да имаат животно партнерство кое не вклучува и романтични чувства.

Алсина исто така рече дека изгубил многу пари поради лошите гласини дека е во врска со сопругата на Смит.

Сепак, многумина се сомневаа дека Џејда и Вил имаат отворен брак, но секогаш тоа го нарекуваа животно партнерство.

– Ќе ти вратам за ова – ѝ рекол Вил на Џејда во емисијата, на што таа му одговорила:

„Мислам дека веќе ми врати, ја заклучивме таа приказна.“

Со години се шпекулира дека брачната двојка Смит има отворена врска и дека обожававаат оргии.

 

Поврзани содржини