ЌЕ БИДЕМЕ НЕПОПРАВЛИВО РАЗОЧАРАНИ Заев ја предупреди ЕУ на штетите од затворањето на вратата
Македонската влада соопшти дека на средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан.
Разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка ако Европската Унија не ги преточи во дела своите декларации. Ова го посочил премиерот Зоран Заев на денешната средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и претседателот на Република Бугарија Румен Радев, во рамки на неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.
Македонската влада соопшти дека на средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, било поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.